Top

Што по раскинувањето?

Сите знаеме дека прекинувањето на една романтична врска може да биде многу горчливо и тешко искуство. Иако се среќаваме со многу индиректни искуства и знаеме дека тоа е дел од животот, секогаш помислуваме „тоа мене нема да ми се случи“. Но, што кога ќе ни се случи? Што кога сфаќаме дека личноста која сме ја сметале за совршен партнер одеднаш ни го крши срцето и ни ја уништува бајката?

Тогаш се прашуваме дали некогаш болката ќе престане. Се обидуваме да сфатиме што довело до тоа, од кога нешто не било во ред, зошто не сме забележале. Почнуваме да се сомневаме во себе во своите емоции, суд и разум. Следува фазата на индиферентност кон нештата околу нас, мислиме дека никој не знае како ни е. Се затвараме и се фокусираме на болката и стануваме „жртви“. Барајќи одговори во минатото, ја занемаруваме сегашноста и се заглавуваме сè повеќе и повеќе во кругот на тагата, болката и осаменоста. Понекогаш оваа фаза трае со денови, некогаш недели, а кај некои луѓе и со месеци, оставајќи трајни последици.

А, што да направите за тоа да не ви се случи и вам? Како да продолжите со животот со истиот елан и волја по едно вакво разочарување?

1. Пред сè, сетете се дека вие имавте живот и пред да се појави тој/таа во вашиот живот, и дека сеуште го имате истиот само сте поискусни,

2. Сетете се на луѓето кои ве сакаат и на кои сте им потребни и веднаш земете го телефонот да закажете средби со истите,

3. Ако тој/таа не е со вас, значи дека едноставно не биле вистинскиот/вистинската, што значи дека некој некаде сеуште ве чека,

4. Вие како личност вредите без разлика на вашиот љубовен статус,

5. Направете план на сите оние нешта кои не можевте да ги правите доволно поради него/неа,

6. Размрдајте го вашиот планер, извадете ги сите активности кои ги ставивте заради него, и пополнете го со активности кои ви дадат лично задоволство,

7. Отстранете ги сите нешта кои ве потсетуваат на него/неа и фокусирајте на создавање едно ново среќно поглавје во вашиот живот.

Секоја личност која била дел од нашиот живот е дел од наши добри и лоши сеќавања. Но, што е уште поважно, секоја личност во нашиот живот се појавува за да нè научи на нешто, а со тоа да нè направи посилни и помудри.

Автор: Бела


Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>