Top
Sonuvanje

Што значат секс соништата?

Дали некогаш ви се случило да сонувате како имате сексуален однос со партнер на кој не му го гледате лицето, а по некоја минута се вртите и всушност гледате дека тоа е некој стар господин кој никогаш не би бил предмет на ваша фантазија. Хм, можеби вашата потсвест сака да ви каже нешто?

Науката за соништата се базира на потсвеста, а за неа најмногу пишувал Фројд. Сè поголем број психолози и терапевти посветуваат внимание на соништата бидејќи тие на симболичен начин можат да ги покажат нашите проблеми и да помогнат во пронаоѓање начини со кои би можеле да го подобриме нашиот живот, особено сексуалниот.

Иако соништата стапуваат на сцена кога целото внимание и телесна будност ќе престанат, тие можат да имаат навестување за нешто кое не би сакале да си го признаеме.
Исто така, на сон можете да испробате и направите сè што во јаве можеби и никогаш нема да соберете храброст да го направите.

Имено, дали секси сонот со вашиот поштар би се протолкувал дека вие имате тајни намери кон него? Секако дека НЕ. Но, еротските сонови имаат многу големо значење. Во поголем број случаи, соновите со секс и немаат никаква врска со сексот, тие всушност се однесуваат на блискоста која сакате да ја остварите со личноста која ја сонувате.

СЕКС СО БИВШИОТ ДЕЧКО / ДЕВОЈКА
Тоа што сонувате како имате секс со вашето поранешно момче или девојка не значи дека не сте успеале да го (ја) преболите. Напротив, тој сон може да се протолкува дека неговото место целосно го заземал некој друг, или пак дека постојат работи кои не сте ги решиле.

СЕКС НА ЈАВНО МЕСТО
Доколку сонувате како имате секс на некое јавно место и се случи да ве фатат, најверојатно ќе бидете многу вознемирени. Ова значи дека имате некакви заткулисни игри со вашиот партнер, некои задни намери или пак страв од интимни односи со вашиот партнер.

СЕКС СО КОЛЕГИ или ПОЗНАНИЦИ
Тоа што сонувате дека имате секс со вашиот колега од работа или факултет не мора да значи дека тој потајно ви се допаѓа. Многу често, на јаве оваа личност и воопшто не ве привлекува и не ви е предмет на интерес.
Ваквиот сон е само показател дека вашиот сексуален живот е монотон, здодевен и дека морате да преземете нешто на тој план.

СЕКС СО ПАРТНЕРОТ
Доколку сонувате дека имате секс со вашиот дечко или девојка тоа може да значи дека имате проблем со искреноста и вашата одданост кон нив. Ако мечтаете за секс со партнерот каков што всушност и никогаш не сте имале, многу е веројатно дека имате проблем со инхибицијата. Доколку отворено разговарате на оваа тема со партнерот можете да го остварите сонот за кој мечтаете и да доживеете незаборавни интимни моменти и искуства.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *