Top

Дали се корисни сексуалните фантазии?

Сексуалните фантазии зависат од перцепцијата за стварноста, но не подразбираат рационалност. Тие се дел од мечтите кои ги поседува секој од нас. Неодамнешните истражувања покажуваат дека 60 од 90 жени имаат сексуални фантазии, без оглед на тоа дали се во брак или не. Најдобро е во сексуалните фантазии да се наоѓа партнерот или сопружникот, бидејќи тоа е еден убав начин да се одржи страст во врската.



Меѓутоа, некогаш се случува фантазиите да ја поминат границата на врската и да се фантазира за личност која ја познаваме, но реално не можеме да ја имаме крај себе. Во такви ситуации многумина чувствуваат грижа на совест, бидејќи сметаат дека извршиле емотивна прељуба. Дури и стравуваат своите сексуални фантазии да ги споделат со својот партнер, бидејќи на тој начин би ги повредиле чувствата на својот партнер. Јасно е дека повеќето од нас не би го поднеле сознанието дека нашиот партнер има фантазии за некој друг. Но, од друга страна, ако тие фантазии не го загрозуваат односот во реалната врска, тие се сосема безопасни, па дури и корисни. Истражувањата покажуваат дека сексуални фантазии одат заедно со вкупниот сексуален живот. Луѓето кои имаат вакви фантазии обично се сексуално задоволени и многу почесто водат љубов.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *