Top

Проблеми кои го уништуваат бракот

Експертот за разводи и психотерапија, Ники Меквејд, вели дека постојат три проблеми кои ниеден брак не може да ги надмине. Таа тврди дека изневерувањето е само симптом за постоење на некој од следниве проблеми за кои ќе прочитате во продолжение.



ПОВЕЌЕ НЕ СТЕ БЛИСКИ
Кога едниот партнер мисли за другиот дека е неодговорен, незрел, недоверлив и себичен, брачната динамика се нарушува, притоа уништувајќи ја интимноста и сексуалната привлечност. Кога ќе се случи тоа, нема враќање назад. Затоа е важно да го препознаете тоа на време и да почнете да правите нешта кои ќе ја зајакнат вашата врска.

КОНСТАНТНО ПРИГОВАРАЊЕ И ПРЕФРЛУВАЊЕ НА ВИНА
Многу е важно проблемите да ги решавате со компромис, наместо секогаш да сте „во право“. Оние кои не се во состојба да прифатат одговорност се осудени на пропаст.

САМОБЕНДИСАНОСТ
Секој од нас е самобендисан до одредена мера, но тоа станува проблем кога партнерите не се во состојба да сочуствуваат еден со друг. Наместо тоа се натпреваруваат кој работел повеќе, кој заработувал повеќе, кој поминува повеќе време со децата, кој имал полош ден… Кога човек не е во состојба да го согледа придонесот на својот партнер, секогаш ќе мисли дека на другиот му е полесно.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *