Top
Особини на идеалната сопруга

Особини на идеалната сопруга

Според женските особини, мажот проценува дали со жената сака само да се забавува или планира да ѝ стави прстен на рака. Она што ги одделува дамите кои се подготвени за мажење од другите девојки е однесувањето и гледиштата на одредени работи. Иако мажите се тие кои ја одолговлекуваат работата, кога ќе се појави вистинската тие се спремни веднаш да ја побараат за жена.

Еве што треба да има жената која мажот ја сака за сопруга:

  • Таа е возбудлива и секогаш различна
    Жената која што секој маж би ја посакал за сопруга во него предизвикува чувства на возбуденост и исчекување. Тоа го прави спонтано и непредвидливо. Има различни интереси и открива различни аспекти од самата себе. Не дозволува животот да ѝ биде монотон и со тоа го крши митот дека бракот е еднаков на досада. Со неа животот е вистинска авантура. Остава впечаток дека секогаш има нови идеи на ум.
  • Навистина го сака сексот
    Кога жената се труди освен телото да го вклучи во сексот и умот, тогаш во машките очи од девојка преминува во жена подготвена за брак. Мажите се желни за еротски секс, но истовремено сакаат да водат љубов и да имаат секс исполнет со чувства кои длабоко ги поврзуваат со партнерката. Она што исто така го тера мажот да размислува за брак е кога жената постојано се труди да ја одржи страста. Најголемиот страв на мажите е одличниот секс, кој бил причина девојката да му стане жена, да отиде во втор план. Жена која се труди да ја одржи сексуалната енергија е остварување на сонот на секој маж.
  • Јасно му покажува дека тој не е нејзиното сè
    Мажот е горд кога ќе сфати дека неговата девојка мисли најдобро за него, но помалку го привлекува доколку сфати дека тој е нејзиниот свет. Затоа девојката која ја задржува независноста за себе, дури и кога врската станува сериозна, дефинитивно има особини на сопруга. Жената која целосно зависи од мажот е нешто застрашувачко за припадниците на посилниот пол. Мажите не сакаат жена која ги гуши, туку онаа која го гледа односот како цврсто парнерство во кое двајцата имаат свои личности и потреби.
  • Му покажува колку ѝ значи
    Мажите најбрзо се смируваат со жена која ја покажува својата нежна страна и без оглед на ситуацијата, му покажува дека таа е тука за него. Мажите гледаат на животот како борба или војна која треба да ја добијат и сакаат некој кој ќе биде на нивна страна цело време. Тоа не значи дека жената треба да му глуми мајка или да му помага при секоја ситница, туку да прави мали работи со кои му покажува колку ѝ значи.
  • Таа го охрабрува да биде најдобар во она што умее
    Мажот не сака жена која ќе му наредува, туку сака поддршка во освојувањето на неговата цел и поттик да биде подобар во она што го работи. Тој се восхитува на секоја жена која има најдобри интереси за мажот. Иако понекогаш тоа се чини како тешка љубов, жената му помага на мажот да ги освои целите и тој многу ја почитува поради цело тоа трудење.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>