Дали се свесни припадниците на посилниот пол колку може да ги чини неверството во денешно време?
Постојат мажи кои откако ќе ја изневерат партнерката не ја напуштаат, туку ја молат за прошка. Оние храбрите и силни жени (но и девојки!) никогаш нема да ви го простат неверството, додека останатите можеби ќе ви простат, но верувајте дека никогаш нема да заборават. Како и да е, неверството можеби e најскапото патување на кое некогаш сте биле.

НЕМАТЕ ПОВЕЌЕ ПРИВАТНОСТ
Вибрациите на телефонот, лозинката на вашиот профил или да не и се јавите додека сте излезени. Од моментот кога вашата партнерка ќе дознае за вашата возбудлива акција, верувајте дека ќе биде подобра од најдобриот инспектор. Повеќе нема да ја имате приватноста која не сте ја ценеле доволно, па сте ја ставиле на коцка.
ПОВТОРУВАЊЕ НА ЧИНОТ
Во секоја караница ќе слушате за вашето неверство и покрај тоа што караницата нема никаква врска со тоа. И кога ќе поминат две години, пак тоа ќе биде завршеток на вашата караница. Колку и да не е во право партнерката – ќе биде, после тоа неверство.
ПАРИ САМО ЗА НЕА
Ако сте во брак, сите следни поклони мора да бидат дебело платени. Повеќе не се признаваат обични штикли, омилената музика или филм. Штом сте подготвени за неверство, подготвени сте и подлабоко да си ја пуштите раката кога се работи за поклон за вашата сакана.
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТО
Доколку партнерката одлучи да помине преку вашето неверство, таа ќе помине, но нема никогаш да го заборави. Никогаш повеќе нема да биде сигурна во вас, ниту пак ќе може да се опушти целосно. А, вие ќе се чувствувате како постојано да сте на тест.
Па драги мажи, дали оваа тортура вреди да се изневерува? Размислете!
Автор: Ивана Витановска
Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!