Мажите, исто како и жените, уживаат во вниманието, моментите со нежност и убавите зборови. Поради тоа никогаш не смеете да престанете во заведувањето на вашиот сакан и секогаш треба да се трудите да бидете убава, секси и привлечна. Само така ќе успеете да изградите квалитетен долгорочен однос и да му дадете до знаење дека вистинската девојка стои до него. Секогаш бидете полни со самодоверба, дотерани и насмеани.
Дами, време е за акција!

ВНИМАНИЕ
Верувале или не, вниманието им е многу важно на мажите. За некои работи се исти како децата, желни се за ваше внимание и нежност, па доколку не ги удостоите веднаш се лутат. Брачниот советник Мајк Дов вели дека жените се навикнати да прават повеќе работи истовремено, додека мажите секогаш решаваат една по една работа, па честопати жените мислат дека не им обрнуваат доволно внимание.
ЉУБОВТА ДОАЃА ПРЕКУ ЖЕЛУДНИКОТ
Од време на време подгответе му го омиленото јадење на вашиот сакан и тој ќе биде задоволен и благодарен. Со овој гест му давате до знаење дека знаете што сака и му покажувате дека се грижите за него.
ДОТЕРАЈТЕ СЕ СПЕЦИЈАЛНО ЗА НЕГО
Машкиот мозок побрзо реагира на визуелниот изглед отколку женскиот, а тоа значи дека вашиот сакан веднаш ќе забележи кога ќе се дотерате, без разлика на тоа колку долго сте во врска. Ако сакате да го заведете, облечете црвен фустан. Една анкета спроведена на Универзитетот Рочестер покажала дека таа боја претставува афродизијак за мажите.
НЕ СЕ ЗАПУШТАЈТЕ
Здравата исхрана, вежбањето, грижата за здравјето и изгледот не се важни само за вас, туку и за вашиот сакан. Никој не сака покрај себе партнер кој не се држи до здравјето и убавиот изглед. Поради тоа секогаш треба да се трудите да изгледате убаво и средено.
ДАЈТЕ МУ КОМПЛИМЕНТ
Исто како и жените, и мажите сакаат да добијат комплимент. Тоа не мора да биде комплимент само за физичкиот изглед, туку да го пофалите секогаш кога мислите дека треба.
ВРЕМЕ САМО ЗА НЕГО
Мажите честопати сакаат да поминуваат време со нивните другари. Тоа им е многу важно. Оставете го во тоа негово време да се забавува со неговите другари или да игра фудбал. Во меѓувреме, искористете и вие да се видете со вашите другарки или имајте време само за себе.
ПОБАРАЈТЕ СОВЕТ
Разговорите со партнерот и советувањето може многу да влијаат на вашата врска. Самиот факт дека ви значи неговото мислење ќе придонесе за поголема блискот, а меѓусебниот однос ќе стане поквалитетен и поздрав. Тоа ќе биде уште една потврда дека ви е потребен во животот, додека пак, него ќе му биде драго што е тука за да ве советува или поддржи.
СИТНИЦИТЕ СЕ ВАЖНИ
Брзиот ритам на живот е главен виновник за заборавањето и маргинизирањето. Ситниците како на пример заблагодарување кога ви помогнал во некоја домашна обврска е една од нив. Купете му мал подарок на кој случајно сте налетале во продавница. Тоа би требало да ви стане навика и на двајцата, бидејќи со ова ќе внесете позитивна енергија во вашиот однос.
ПОВРЗУВАЊЕ
Додека жените повеќе се поврзуваат преку разговор, мажите преку допир. Кога и да имате прилика, наместо брза прегратка и краток бакнеж, седнете до него, гушнете го и почнете да се галите, исто како на почетокот на врската.
СЕКС
На почеток имаше многу страст, но со тек на време за добар секс треба повеќе да се потрудите. Жените често имаат некој изговор дека се изморени или дека имаат многу работа, но секогаш може да се направи план за сѐ, па макар и за секс. Не ви требаат часови за секс. Еден секс набрзина сигурно ќе го подобри расположението и ќе ви ја даде потребната енергија.
Автор: Ивана Витановска
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!