Top

Кога е најдобро време за секс?

Дали воопшто постои најдобро време за секс, и ако постои, во кој дел од денот можеме да доживееме најголем степен на задоволство? Некои луѓе обожаваат милување во текот на ноќта, додека на други не им смета ни дневната светлина. Секој дел од денот има свои предности и недостатоци.

Утрински секс
Мислењата се поделени кога стануав збор за утринскиот секс. Некои двојки сакаат да го прават тоа спонтано, без никаков план, додека другите намерно ја искористуваат утринската енергија. Статистиките покажуваат дека мажите повеќе преферираат утрински секс, а жените повеќе сакаат секс во текот на ноќта.

Жените и сексот во текот на ноќта
Иако и тука постојат различни размислувања, сепак повеќето парови водат љубов пред спиење. За разлика од утринскиот секс кој е спонтан, до сексот навечер се доаѓа со предигра, а постојат можности и за експериментирање нови нешта.
Постојат неколку научни образложенија зошто мажите и жените сакаат да водат љубов во различно време. Поточно, нивото на тестостерон кај мажите има највисока вредност во периодот од 06-11h наутро, што ја објаснува утринската ерекција. Исто така, во тој дел од деноноќието нашето тело ослободува ендорфин, кој обезбедува добро расположение во текот на денот. Имањето утрински секс 3 пати неделно намалува половина од ризикот за срцев удар, а уште поредовната практика на утринскиот секс ја подобрува циркулацијата и ја намалува болката. Високото ниво на естроген кај жените, кое се појавува по утринскиот секс, ја прави нивната коса и кожа сјајна.

Секс наместо пауза за ручек
Кај многу луѓе не постои можност за секс во тој дел од денот, бидејќи се наоѓаат на работното место. Меѓутоа, постојат и такви кои имале секс во канцеларија, иако сексот на работното место е забранет. Убаво би било кога би можело да ве „снема“ од работа барем на еден час, за да може да го израдувате својот партнер со страстен секс.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *