Top
vo-krevet

Најчести причини кои доведуваат до крај на врската

Многу од нас раскинувањето на врската ги прави очајни, но кога врската не функционира, треба да се остави во минатото. Сѐ на овој свет има почеток и крај.

Недостаток на комуникација
Повеќето парови се нервираат за многу работи, но истите ги премолчуваат. Врската се „гуши“ од премолчување на важните податоци за желбите и очекувањата и со претпоставките што сакала другата страна да каже. Ако постои нешто што ви смета и сакате да се промени, кажете ги своите ставови јасно и гласно.

Љубомора и посесивност
Љубоморни сте на вниманието кое вашиот партнер го добива од другите луѓе, не сакате да го делите со никого, дури ниту со неговите пријатели. Вашата љубомора и посесивност ќе биде вистинска причина за прекин на врската. Посесивноста и љубомората се карактеристики на оние несигурните, кои немаат доверба ниту во некој друг ниту во себе. Таквата љубов се одржува на „стаклени нозе“ и лесно е „кршлива“.

Губење на сексуалната желба
На почетокот на врската не можевте да ги одвоите рацете еден од друг, а сега сексот го доживувате како рутинска домашна задача. Овој недостаток е составен дел на секоја врска и е нормална појава. Работете на другите аспекти на врската, бидејќи на тој начин ќе успеете да го премостите овој проблем. Ако врската ја одржувате само поради секс, најверојатно ќе ја прекинете врската истиот момент кога сексот ќе „излезе“ од спалната соба.

Финансии
Без оглед колку пати сте ја премолчеле ваквата ситуација, финансиите сепак влијаат на квалитетот и стабилноста на некои врски. Невработеноста и немањето финансиски средства многу често предизвикуваат фрустрации, поттикнуваат депресија или агресија, а сето тоа заедно води до чести караници и проблеми помеѓу партнерите. Овој проблем не може да се реши преку ноќ и бара подготвеност на партнерите за искрен разговор, одрекување и трпение.

Недостаток на почит и поддршка
Недостатокот на почит и поддршка ѝ наштетуваат на секоја врска. Многу од паровите, дури и по 5, 10 или повеќе години заеднички живот непријатно се изненадени од фактот дека всушност не ја познаваат својата подобра половина. Партнерот кој не ги цени вашите достигнувања, желби и амбиции, не ве цени ниту вас како личност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>