Неверството е една од најчестите теми за караници меѓу машкиот и женскиот пол, особено кога станува збор за причините. Науката има објаснување речиси за се, така и сега се бара вистинската причина зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги или девојки.
Во своето истражување, психотерапевтот Гери Њуман доаѓа до резултат кој покажува дека за машкото неверство постои само една причина. Можеби мислите дека станува збор за сексуална привлечност, но треба да знаете дека мажите изневеруваат бидејќи се емоционално незадоволни. Речиси половина од испитаниците истакнуваат дека ја измамиле својата девојка бидејќи биле емоционално незадоволни, што укажува на тоа дека тие се поемотивни отколку што се смета. Најголем број од неверствата се случиле со колешките кои често им упатувале пофалби за нивната работа. Дури 88% од мажите признаваат дека ја измамиле својата девојка со личност која е помалку привлечна од нивната девојка.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!