Љубовта и романтиката не ја чинат само скапи подароци, излети и луксузни патувања. Она што ја одржува романсата и љубовта се малите нештa, навидум неважните ситници. Сигурно ќе се сетите на цел куп нешта кои може да му го разубават денот на вашиот партнер. Тоа се среќни моменти, „мали нешта во љубoвта“ кои водат кон успешна врска.

Еве неколку идеи како да го направите среќен својот партнер:
* Кога ќе се врати од работа прашајте како поминал денот и сослушјате сè што има да каже.
* Кажете му колку ви значи.
* Прегрнете го без причина.
* Купете ѝ букет цвеќе.
* Измасирајте го, за да се опушти после напорниот ден на работа.
* Оставете му лист со порака „Те сакам!“.
* Јавете му се само за да му кажете дека мислите на него.
* Ако се задржите на работа, јавете му се.
* Гледајте го во очи додека водите љубов.
* Кажувајте му „Те сакам“ барем два пати на ден.
* Држете се за рака во јавност.
* Не штедете комплименти.
* Поддржувајте го.
* Бакнете го кога најмалку очекувa.
* Разбудете го со кафе и појадок во кревет.
* Изненадете го со вечера која ќе ја подготвите сами.
* На вратата или на ѕидот во спалната соба залепете стикери на кои ќе напишете „Зошто те сакам?“.
Применувајте ги овие нешта, а ќе се сетите уште на илјада други начини со кои ќе го разубавите денот на вашиот партнер. А најубаво е кога знаете дека причината за неговата среќа сте вие!

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!