Top

Лошиот секс е последица на лоша врска

Многу луѓе го занемаруваат фактот дека лошиот секс може да е последица на лоша врска. Од друга страна, добриот секс не е гаранција дека и врската функционира беспрекорно. Голем број луѓе одбиваат да разберат зошто сексуалното незадоволство е важен показател дека нивната врска не е во ред.

Лош секс како последица на криза во врската
Кај многу парови лошиот секс е само последица на проблемите кои се дел од нивната врска. Ако едниот партнер чувствува силна фрустрација, тоа значително се одразува на интимноста.

Незадоволство
Ако љубовниот пар има лош секс, тогаш еден од нив веројатно не сфаќа дека задоволството на партнерот е основа на секоја добра врска. Некои луѓе, за жал веруваат дека доколку се сакаат, сексот не е важен. Но, факт е дека сексот е многу важен за двајцата партнери.

Запоставување
Лошиот секс сигнализира дека еден од партнерите во врската ги запоставува потребите и желбите на другиот партнер. Во добра врска, двајцата партнери се заинтересирани за сексуалното задоволство на другиот партнер и никогаш не се себични.

Некомпатибилност
Кога двајцата партнери воопшто не се усогласени или не се заинтересирани за работата на својот партнер, постои веројатност да имаат лош секс. Некои сакаат да експериментираат во сексот, а други пак се задоволни со водење љубов на вообичаен начин. Големите разлики во потребите често укажуваат на тоа дека луѓето се компатибилни еден со друг.

Недоразбирање
Ако еден од партнерите не покажува интерес за тоа што другиот партнер работи, што сака и кои се неговите желби, тоа со сигурност ќе се одрази на нивниот секс, а истовремено е сигурен показател дека нешто не е во ред.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>