На почетокот на секоја врска сексот е возбудлив и поинаков од секој претходен, но кога мажот се вљубува сè се менува. Мажите кои имаат партнерка „за една ноќ“ немаат никаква потреба да дознаат што сака партнерката и како најдобро да ја задоволат.
Бакнува почесто и подолго
За мажите бакнежите се многу интимен чин. Ова е еден од првите знаци дека тој размислува за сериозна врска и во иднина се гледа себеси покрај вас. Ако почнува да ве бакнува почесто од претходно, по целото тело, тоа треба да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека се грижи за вас.
Посветеност на сексот
Мажот кој само сака да ужива само во сексот, а не и во врската, нема воопшто да се труди околу предиграта и пона што и е потребно на жената за да се возбуди. Кога мажот е заљубен, ќе се потруди да бидете задоволни со сексот и ќе почувствувате колку тоа му е важно.
Сака да ја задоволи партнерката
Заљубениот маж ќе ве праша што сакате во сексот и внимателно ќе слуша што зборувате. Мажите кои се во врска само поради забава немаат потреба детално да зборуваат со партнерката за нејзините желби за сексот.
Опуштен и свој
Кога мажот е опуштен, забавен и не брза да стигне до интимните моменти, тоа е знак дека е заљубен или се вљубува. Поради таа причина нема да се обидува постојано да ве импресионира и да ви покажува колку е совршен во сè.
Малите нешта се важни
Кога тој внимава на атмосферата и се обидува да создаде романтичен амбиент за состанок, малите детали, како што е вечера со свеќи или нов парфем, покажуваат дека се грижи за врската и за вас. Исто така ќе ви каже дека сака да се дружите со пријателите или да одите на кратко патување. Мажот кој сака само малку добра забава никогаш нема да ве вклучи во неговиот живот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!