Прекинувањето на врската е многу нормална и вообичаена појава. Иако понекогаш ситуацијата се чини безизлезна, важно е да се биде присебен и храбар во моментот кога се става крај на врската. Но постојат бесчувствителни начини кои едноставно не смеете да си ги дозволите кога раскинувате врска.

РАСКИНУВАЊЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН
Можеби раскинувањето преку телефон е поедноставно бидејќи нема да го гледате партнерот во очи, а она што сакате да му кажете може да го запишете на лист. Полоша варијанта на ова е да оставите говорна порака или да напишете смс порака. Зарем ви доликува ваков прекин?
РАСКИНУВАЊЕ ПРЕКУ E-MAIL
Овој начин на раскинување овозможува да напишете сè што ви „лежи“ на срце и притоа никој нема да ве деконцентрира. Но, имајте на ум дека ваквиот начин на раскинување е многу груб, па затоа не треба да си го дозволите.
РАСКИНУВАЊЕ ПРЕКУ ТРЕТО ЛИЦЕ
Вклучувањето трето лице во прекинување на врската е подмолен начин. Предност би било тоа што личноста која би го соопштила тоа би била многу посмирена и емоционално постабилна од вас, па на многу подобар начин би ја соопштила веста. Но, немојте да бидете толку ладни и безчувствителни.
ИГНОРИРАЊЕ
Најлош и најкукавички начин на раскинување што може да ви падне на памет е игнорирање на партнерот. Овој начин на раскинување нема позитивни страни, а единствена полоша работа од тоа може да биде само неверство. Не смеете да помислите на овој начин да се оддалечите од личноста која до вчерa ви била сè.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!