Top

Партнерите се расправаат двојно повеќе откако ќе станат родители

Кавгите и пречкањата се зголемуваат двојно откако љубовните партнери ќе станат родители, вели најновата научна студија. Родителите на малите деца се расправаат околу 4015 пати во текот на една календарска година. За разлика од нив, кај љубовните партнери кои немаат деца бројот на кавги е двојно помал. Во научната студија биле анкетирани 3000 љубовни двојки.

Тензиите најчесто произлегуваат од непреспиените ноќи, битката околку дисциплината на детето и дневните рутини. Половина од тие кавги се однесуваат токму на детето. Зачестени се кавгите околу сите аспекти на заедничкото живеење и делување, освен за финансиите.

Во прилог погледнете ја листата на најчести кавги помеѓу двајца родители.


– Како да се воспитува детето,

– Дефицит на финансиски средства,

– Преголем обем на обврски кој резултира со дискомуникација,

– Времето за заспивање на детето,

– Што треба, а што не треба да јаде детето,

– Кој да ги среди расфрлените играчки,

– Кој да го пресоблече детето,

– Колкав дел од семејниот буџет да се одвојува за играчки.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *