Top

Секоја трета жена била интимна со својот пријател

Неодамна, популарниот британски сајт MyCelebrityFashion.co.uk направил анкета чии резултати говорат дека секоја трета жена барем еднаш во животот имала секс со својот другар, пријател или колега.



Половина од жените се изјасниле дека тоа го направиле од причина што сакале да бидат или започнат врска со таа личност.
19 проценти од нив одговориле дека имале секс со својот пријател за забава, а само 8 проценти потенцирале дека сакале нешто повеќе и посериозно од секс за една ноќ.

Во анкетата биле вклучени 2.168 жени, а резултатите покажале дека повеќе од 50 проценти од нив во секој момент имаат до себе “другар со бенефиции”. Бившото момче имало третман на “другар со бенефиции” кај 29 проценти од испитаничките, а дури 23 проценти од жените признале дека имале секс со својот колега.

20 проценти од испитаничките рекле дека личност која им е најблиска и ја сметаат за најлојална е од машки пол, а не жена.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *