Доколку подолго време немате партнер го губите чувството како е да се биде во врска. Понекогаш можеби сте збунети и не чувствувате потреба да бидете со некого.
Во продолжение неколку показатели дека премногу долго сте сами:
ГИ НАМАЛУВАТЕ СВОИТЕ КРИТЕРИУМИ
Кога ќе почнете да ги намалувате критериумите и ќе почнете да правите компромиси за изборот на партнер, тоа е сигурен знак дека долго сте биле сингл. Меѓутоа, иако по некоја случајност не сте во врска, сепак не треба да прифатите било кој.
ИМАТЕ НЕГАТИВЕН СТАВ КОН ВРСКИТЕ
Постојано мислите и зборувате дека врските не се за вас. Тоа што не сте ја пронашле вистинската личност не значи дека треба да гледате на врските негативно и да мислите дека не сте за врска.
ПОЧНУВАТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА ВАШИТЕ ПРЕТХОДНИ ВРСКИ
Ве интересира емотивниот статус на вашите поранешни момчиња. Следите некој од нив, а можеби и повторно сакате да бидете заедно. Тоа ви се случува само затоа што сте премногу долго без партнер.
НЕМАТЕ САМОДОВЕРБА
Почнувате да ја губите самодовербата и не се чувствувате добро. Бидејќи долго време не сте биле во врска, се прашувате дали е сѐ во ред со вас и со вашиот изглед.
ГИ ОДБИВАТЕ МОМЧИЊАТА
Веројатно сте поставиле ѕид околу себе кој не дозволувате ни еден маж да го сруши. Можеби во минатото сте имале некое лошо искуство, но не дозволувајте тоа да влијае на вашиот живот и среќа во иднина.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!