Top
pink-gold-wedding-ideas

Дали е твоја сродна душа?

Секој човек мечтае да ја запознае својата сродна душа, со која го сонува својот среќен живот. Велат дека сродната душа не може да се препознае, туку треба да се почувствува. Доколку не чувствувате дека партнерот е вашата сродна душа треба да се запрашате дали врската помеѓу вас е љубов или компромис. Затоа треба добро да размислите и да поминете различни животни ситуации кои предизвикуваат различни чувства.

Си кажувате работи кои на никој не би ги откриле
Нема поголема среќа од тоа да се пронајде пријател во личноста која ја љубите. Таа личност ќе ги знае сите ваши тајни.

Лесно ги решавате проблемите и знаете да си простувате
Кога станува збор за вистинска љубов, не можете да останете лути повеќе од 5 минути. Дури и кога постојат несогласувања, тие многу лесно се решаваат.

Знаете кои ви се меѓусебните слабости
Дури и ако тој е единствената личност која ја знае вашата Ахилова пета, вие не чувствувате слабост и не сте ранливи. Знаете дека нема да ви ги префрла нештата кои ги знае за вас.

Се разбирате без зборови
Во секој момент тој го разбира секој потег, насмевка, гестикулација и допир, без да изустите ниту еден збор. Тој дури и чувствува кога нешто не е по ваша волја и ви ја нуди својата безрезервна љубов.

Секогаш знае како да ве насмее
Без разлика колку ви бил лош изминатиот ден, тој прави сѐ за да го направи подобар и секогаш наоѓа начин за успее во тоа.

Ве поддржува безусловно
Сроданата душа знае дека вашиот успех е и негов успех и токму затоа не го попречува патот до него, туку напротив, ги поддржува вашите желби и амбиции.

Не ја гледате иднината без него
Планирате заеднички живот и заедно се радувате на тоа. Го поминувате секој ден со надеж дека секој нов ден ќе биде подобар и поисполнет со взаемна љубов и разбирање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>