каде што ме остави оној пат.
Седам и размислувам за нас
т.е. она што остана од овие три букви
кои некогаш не правеа една душа.
Со прекрстени раце и нозе,
чекам и наслушнувам дали од некаде ќе се слушнат чекори.
Но, залудно го слушам само моето издишување и биењето
на моето срце.
Од време на време погледнувам на оној мој
стар часовник, чии стрелки запреле
исто како и мојот живот кој почна и заврши со тебе.
Но, веќе сум сита од ова чекање.
Му ставам крај на чекањето, на саможалувањето и страдањето.
Време е да запрам со сево ова и да продолжам понатаму,
гордо со исправена глава како што и дојдов до тука.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Чекање” : Маријана Еленова
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!