Top
decko-devojka-baknez

Бакнежи кои треба да ги избегнувате

Бакнежот помеѓу мажот и жената може многу да открие за нивниот однос и чувства. Додека оној сочен француски бакнеж опишува страст и посакување, нежните и долги бакнежи силна љубов, постојат и бакнежи кои секој пар би требало да ги избегнува.

Рутински бакнеж
Бакнежот кога влегувате во станот или пак на средба, оној кој рефлексно го дарувате и без чувства, укажува на тоа дека го правите од навика и има исто значење како и едно обично „Здраво“. Следниот пат кога ќе се сретнете со партнерот сетете се на овие зборови и обидете се да го задржите бакнежот неколку секунди. Веднаш ќе се забележи разлика и ќе се појават малку поинакви чувства.

„Наместен“ бакнеж
Моментот кога партнерот ќе се приближи да ве бакне, а вие рефлексно ќе го наместите образот опишува врска во која нема и некои посебни чувства. Бакнежот во лице, нос или чело може да биде симпатичен и да опишува доверба, наклонетост, но и реакција од типот „Не сум расположена“. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, понудете ги своите усни наместо образот.

Бакнеж од далечина
Во оној момент кога напуштате некоја просторија или кога со метар оддалеченост на телата се бакнете, тоа е најстудениот бакнеж кој никако не смеете да го подарите на својот партнер. Освен што нема никаков физички контакт, опишува рефлексна брза реакција и дека се случува колку да се случи. Наместо од далеку, вратете се барем неколку секунди и бакнете го партнерот од срце. Неколку секунди нема ништо да ви сменат во животот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>