Бакнежи, прегратки, многу моменти кои сакаме да ги проживеме барем уште еднаш во животот. Понекогаш само тоа посакуваме, зарем не?
Кога денот доаѓа при крај, а новиот ден само што не стапнал со утрото, тогаш навираат моменти кога сме сами со своите искушенија, желби и посакувања. Тогаш сме најискрени сами кон себе.
Денот ја трошеше максимално, физички и психички, секако кога во доцните часови се сместуваше во својата соба пред компјутерот, мислите се вртеа како топчињата на лотарија, едно по едно во воздух, а само едно излегуваше на површина. Така и нејзините мисли ротираа, лебдеа, се превртуваа и секоја ноќ различна мисла излегуваше на видик над нејзината глава, како облаче лебдеше и ја правеше ноќта поразлична.
Минуваа денови, месеци од тој ден кој остана засекогаш во нејзините спомени. Веќе 6 месеци, 8 дена и 2 часа, а таа седеше со широко отворени очи ја гледаше фотографијата од тие моменти и пробуваше да се врати и од почеток да ги доживее.
Велат неочекуваното е најслатко, тоа е докажано многу пати, па и тогаш.
Може најобично планирана вечер да донесе спомени и моменти кои не се купуваат со пари, верувам и вие имате такви моменти за паметење.
Сеуште седеше, ја пушташе повторно и повторно истата песна што ја слушаа таа ноќ и ја гледаше сликата без да го тргне погледот, пробуваше да ја замисли неговата кожа, сакаше преку мислите пак да ги допре тие две раце, пак да ги има на својата половина. Знаеше дека е невозможно, но посакуваше да го врати неговиот вкус во своите усни да ги оживее бакнежите кои живееа длабоко во неа.
Таа продолжуваше да патува кон слатките моменти, иако знаеше дека е невозможно да добие репреза, едноставно беше доцна, невозможно.. сè беше толку нереално.
Ќе поминеа неколку минути, а таа пак ќе најдеше причина да се наврати на него, пак да мечтае по него. Зарем мора да постои нешто што се нарекува “да ти недостига некој на кој си му толку важен како ланскиот снег?”.
Чудни сме ние луѓето, не можеме едни без други, постојано се натпреваруваме женските биле подобри од мажите, мажите од жените,.. а пак никако едни без други не можеме. Сите сме со чувства, крв и месо, сите се бориме со исти секојдневни ситуации, а пак не можеме едни без други. Зарем мора да е така.. како би било кога секој би живeeл сам со себе, без потреба од партнер, кога не би постоела љубовта?
Зарем сè би било полесно?
Да не се врзуваме едни за други?
Да не нè врзувале бакнежите, милувањата, да сме немале чувства ?
Зарем би било полесно кога сите би живееле на исто место? Да немало градови, разделби, далечини и пречки?
Ехх, прашања нè мачат сите, но утрото е попаметно од ноќта, а овие мисли утре ќе ги нема!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Бакнежи и прегратки” : Бренда Бочварова
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!