Top

5 предзнаци по кои ќе знаете дека гарантирано ќе ве задоволи во кревет

Едно од најчесто поставуваните прашања: како да отцените дека со сигурност ќе Ве задоволи во кревет?
Стручњаците и психолозите тврдат дека има 5 клучни карактеристики кои навестуваат огромна страст под чаршавите.

АГРЕСИВНОСТ
Врвните љубовници многу често реагираат агресивно, не се плашат јавно, па понекогаш дури и дрско, да ги испрезентираат своите мисли, желби и ставови. Уживаат да ве малтретираат, да ве нервираат и да ве вртат околу малиот прст. Тие сакаат комплименти и кога светот се врти околу нив. Нема да се откажат од зацртаното – вие мора да излезете со нив, а потоа..

КУЛ ИГРАЧИ
Кај нив нема двоумење, сталожени се и апсолутно сигурни во впечатокот кој го оставаат кај опкружувањето. Чекорат сигурно, како да го поседуваат целиот свет. Имаат силна самоконтрола и сите ситуации ги дочекуваат цврсто на нозе. Не очекувајте да приметите или да Ви дадат на знаење дека се нервозни или нешто не им е по ќејф ..бидејќи тие се јако КУЛ.

САМОУВЕРЕНОСТ
Луѓето кои имаат 10-ка во кревет цврсто веруваат во себе и своите способности. Тоа лесно можете да го забележите по начинот на кој чекори и како комуницира со другите. Нивната самоувереност ги хипнотизира луѓето.

БОГАТО МИНАТО
Многу нормално, луѓето кои ќе го запалт вашиот кревет имаат богато минато бидејќи сето тоа што ќе го доживеете со нив морале од некаде да го вкусат и научат. Искуството почнале да го печалат уште во раните пубертетски години, а во пост-пубертетскиот период веќе успеале да докторираат на тема секс и кревет.

КОМУНИКАТИВНОСТ
Љубат да зборуваат, споделуваат мислења, ставови и искуства. Пред да ве однесат во кревет, зборуваат многу а со тоа и водат љубов вербално според психолозите. Со говорот сакаат да ве уверат во нивната интелектуална сила и говорни вештини.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>