Top
Рецепт за вкусен прелив за палачинки

Рецепт за вкусен прелив за палачинки

Палачинките се вбројуваат меѓу најомилените десерти. Кога станува збор за полнење и преливи за палачинки, постојат неограничен број идеи. Ние денес ви презентираме вкусен рецепт со лешници.

Потребни состојки:
– 100g лешници
– 100ml млеко
– 40g путер
– 80g суво грозје
– малку темно чоколадо

Подготовка:
Сувото грозје прелијте го со топла вода и оставете го околу половина час да омекне. Лешниците печете ги во рерна на 180 степени, околу 10 минути. Откако ќе се испечат, излупете ги. Потоа измелете ги, прелијте ги со млеко и додадете го путерот. На крај додадете го и сувото грозје и промешајте и додадете малку стопено црно чоколадо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>