Top
Pijalok-za-energija-iLike-mk

Пијалок кој ќе ви даде енергија

Mногу луѓе, со зголемување на денот се соочуваат со замор. Затоа, пробајте го овој ефикасен пијалак од само три состојки кој има малку калории, а ќе успее да ви обезбеди многу енергија. Пијалокот го нарекуваат и „Чудесен пијалок“, бидејќи многу позитивно влијае врз здравјето и се препорачува за многу болести.

Потребни состојки:
– јаболка
– моркови
– цвекло

Во овој сок можете да додадете лимон, ни никако не додавајте шеќер. Плодовите може да се комбинираат во размер кој вие ќе го дефинирате сами.

Комбинацијата на овие три плода е богата со антиоксиданси, витамин А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, К, цинк, магнезиум, калциум, железо. Пијалокот ги носи следните придобивки за здравјето:

1. Го намалува нивото на лошиот холестерол, крвниот притисок го нормализира, го штити срцето.
2. Истражувања покажуваат дека овој напиток е дар на природата за кожа без дамки. Освен тоа го успорува стареењето на кожата.
3. Има благотворно влијание на дигестивниот тракт.
4. Ја подобрува меморијата и ја поттикнува функцијата на мозокот.
5. Благотворно делува на очите, го спречува црвенилото и го брише уморот.
6. Го зајакнува имунитетот, штитејќи го телото од инфекции и алергии.
7. Одличен е за детоксикација на црниот дроб и прочистување на крвта.
8. Ги ублажува менструалните болки.
9. Добар е за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи дава многу енергија, а има минимално ниво калории.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *