Календарски летото ни пристигна денес, а деновиве сме сведоци на високи температури. Еве еден одличен освежителен пијалок со јагоди кој ќе ја изгасне вашата жед, а ќе го направите за 3 минути. За подготовка на две чаши потребни ви се: една чаша свежи јагоди, една банана, 4 коцки лед и половина чаша сок од ананас или портокал. Состојките ставете ги во блендер и оставете ги да се пасираат околу една минута. Пијалокот истурете го во чаши и декорирајте со сламка и парче јагода. Уживајте!! ; )
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
mmmmmm