Top

Освежителен пијалок со јагоди и лимон

Со оглед на тоа дека температурите секојдневно растат, потребно е внесување на поголема количина течности. Наместо тоа да бидат сокови со вештачки бои, подгответе си сами вистинско природно освежување.



За подготовка на овој освежителен пијалок за 6 лица е потребно:

2 чаши сок од лимон (4-5 лимони)
6 чаши минерална вода
300 g свежи или замрзнати јагоди

Подготовка: Ставете ги сите состојки заедно во блендер и матете додека смесата не се соедини. По вкус, може да додадете и 2-3 супени лажици шеќер. Пијалокот послужете го во стаклени чашки, со неколку коцки мраз.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *