Top
torticki-so-karamel

Десерт во шолја кафе: чоколадни тортички со карамел

Со овој оригинален и исклучително вкусен рецепт ќе ги изненадите своите најблиски. Неговата подготовка е едноставна и не ви требаат многу намирници.

За чоколадните торички се потребни следните состојки:
– 6 лажици путер
– 1 чоколадо за готвење
– 4 јајца
– 1/3 шолја шеќер во прав
– 1/2 лажица сол
– 1/4 шолја брашно

Потребни состојки за карамел:
– 1 лажица шеќер
– 1/2 шолја хопла
– 6 лажици путер
– 1/2 лажица ванилин шеќер

Подготовка на тортичките:
Путерот стопете го на пареа и во него додадете го чоколадото да се стопи. Додека се топи чоколадото, во друг сад изматете 2 јајца и 2 жолчки, а потоа додадете го и шеќерот во прав и солта. Со константно мешање постепено додадете го и брашното. Смесата со путер и чоколадо додадете ја во оваа смеса и мешајте додека сите состојки не се соединат. Намачкајте ги керамичките шолји со путер и наросете шеќер на целата површина на шолјата. Со смесата наполнете 3/4 од шолјите и оставете ги во ладилник 15 минути. Потоа шолјичките ставете ги на плех за печење и печете ги 25-30 минути.

Подготовка на карамел:
Шеќерот ставете го сад за готвење на тивок оган да се топи, повремено мешајќи го. Откако ќе се стопи, додадете го путерот, малку сол, ванила и слатката павлака. Пенесто изматете ја смесата и процедете ја низ цедалка. Со подготвениот карамел прелијте ги тортичките додека се топли.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>