Sprinkles Cupcakes вчера го пушти во употреба својот прв автомат за слатки, кој е лоциран во Беверли Хилс. Автоматот се користи многу едноставно. Со допир на екранот, постои можност за избирање на колачињата кои секојдневно се тазе подготвени. Идејата за поставување на ваков автомат е на основачот на Sprinkles Cupcakes, Кенедис Нелсон. Таа додека била бремена со своето второ дете, не можела да ги вкусува колачињата кога добивала желба за нив во текот на ноќта. Таа помислила дека би било одлично доколку таа би можела да добие тазе печено колаче во секое време. Својата идеја ја реализирала во Беверли Хилс, а планира најдоцна до стартот на летото да постави автомати и во Њујорк, Чикаго и Вашингтон. Цената на колачињата од автоматот кои се спакувани во хартиена кутија изнесува $4, додека во продавницата истите се $3,25. Посакувате ваков автомат и кај нас, нели?

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!