Top
zena-bliznaci

Жените родени во Близнаци се неодоливи

Жените родени во овој хороскопски знак се интелектуално љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни и модерни. Едноставно не се случува да пропуштат изложби, театарски премиери и значајни настани. Честопати и нивната професија им го налага тоа, бидејќи жените Близнаци многу често се занимаваат со јавни работи. Тие го будат разиграното дете кај своите најблиски. Нивните партнери се чувствуваат освежено и вечно младо покрај нив и се прашуваат како заслужиле толкава среќа. Со припадничките на понежниот пол родени во овој знак никогаш нема да ви биде здодевно, бидејќи тие можат во сѐ да најдат смисла. Доказ за тоа дека никогаш не им е доста од љубовта претставува и податокот дека Близнаците се венчаваат дури и во дом за стари лица, многу почесто за разлика од другите знаци.

Жените бараат партнери со кои ќе бидат на исто интелектуално ниво. Само така може да се заинтересираат за некого, бидејќи овие дами не се зближуваат физички со луѓе кои не се способни да им поставуваат интелектуални предизвици.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>