Top

Намалете ги сигналите на глад на здрав начин

Многупати се случува да се водиме според лажни сигнали на глад, да посегнеме по храна која не е здрава и да се прејадеме. Придржувајќи се кон правилата за кои ќе прочитате во продолжение, не само што нема да чувствувате глад, туку и ќе се навикнете да се храните здраво.



ИЗОБИЛЕН И ЗДРАВ ПОЈАДОК
Голем и здрав појадок ќе одржи ситост до ручек. Само внимавајте тоа да биде навистина здрава храна.

ПОМАЛИ, А ПОЧЕСТИ ОБРОЦИ
На овој начин ќе ја спречите гладта, прејадувањето и ќе избегнете внесување на грицки кои се штетни за здравјето и ја зголемуваат телесната тежина.

ЗДРАВИ ЗАКУСКИ
Ако почувствувате глад помеѓу оброците, може да си дозволите здрава закуска која подразбира овошје, зеленчук, ореви, јогурт со мала масленост.

ПИЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ
Сигурно веќе знаете дека дневно треба да внесувате околу 2 литри вода. На тој начин ќе ја згаснете жедта, но и ќе чувствувате ситост.

ВЕЖБАЈТЕ РЕДОВНО
Редовното вежбање ќе ве мотивира да се храните поздраво. По извесно време сами ќе избегнувате прејадување, знаејќи колку труд сте вложиле во вежбањето.

ЈАДЕТЕ САЛАТА И СУПА
Салатата и супата ќе го наполнат вашиот стомак и ќе направат да се чувствувате сити. На овој начин ќе го избегнете непотребното прејадување. Салатата нека биде задолжителен дел од секој ручек.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ БРЗА ХРАНА И ЕДНОСТАВНИ ШЕЌЕРИ
Брзата храна и храната богата со едноставни шеќери предизвикува брзо зголемување на шеќерот во крвта и подеднакво брзо намалување, по што повторно ќе чувствувате глад.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>