Сигурно некогаш имате приметено дека на патентот од вашите фармерки, палта и слично стои ознака YKK. Но, никогаш не сте се запрашале што всушност значи,нели? Денес ‘налетав’ на ваква информација, па ми беше вредна за спомнување. 🙂
Во 1934 Tadao Yoshida ја формира компанијата Yoshida Kogyo Kabushikikaish, која денес е најголемиот произведувач на патенти во светот. Поточно, тие произведуваат 90% од вкупното производство на патенти. Интересно е тоа што не само што ги произведуваат патентите, туку тие ги произведуваат и машините со кои се прават патентите. Значи, тие ги прават деловите од кои се прават машините, од кои пак се прават патентите. Прилично интересно, зар не? Еве ви некои фотографии од нивните патентчиња. 🙂





Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!