Веројатно ви треба помош од астролозите за тоа каков тип на момче ви одговара. Па затоа, прочитајте што треба да има човекот кој ќе го освои вашето срце.
ОВЕН – Момче кое сака игри
Вие сакате да победувате во друштвени игри и да ризикувате, а често вниманието ви е краткотрајно. Затоа, вам ви одговара играч, кој има голема имагинација, одлична координација меѓу очите и рацете и е авантурист.
БИК – Момче кое е по учењето
Момчињата со носот во книгата сакаат да седат дома и да ужуваат, а тоа е добро за вас. Доволно се паметни за вашиот голем мозок, благодарни се затоа што имаат девојка и изгледаат секси со очила.
БЛИЗНАЦИ – Злобно, но фино момче
Како што вие, Близнаци, сте како двајца луѓе, таков треба и вашиот идеален партнер. Некогаш може да се однесува арогантно, но вие знаете дека е кроток одвнатре. Воедно сакате некој со кого никогаш нема да ви биде здодевно.
РАК – Супер слатко момче
Вие си го штитите срцето цело време, па ви треба чувствително момче, кое е многу внимателно со вашите емоции. Тој треба да биде таков што навистина мисли кога ќе вети дека никогаш нема да ве повреди.
ЛАВ – Момче кое ве поддржува
Бидејќи сакате да бидете во центарот на вниманието, сакате вашето момче да ве поддржува во тоа, а не да се обиде да ви го украде вниманието. Во врските нема место за две ѕвезди, па најдобро момче за вас е тоа што ќе ве гледа од публика како сјаете.
ДЕВИЦА – Женствено момче
Вие најчесто сте аналитични, премногу критички настроени и напнати. Ви треба некој со пофлуидна сексуалност кој ќе ви помогне да се опуштите и да пробате нови работи. Затоа за вас е најдобро момче кое е подеднакво опуштено и со својата феминистичка страна.
ВАГА – Забавно момче
Вие сте друштвени, па ви треба момче кое ќе ви парира во тоа. Луѓето сакаат да бидат во близина на вас двајца и ве сметаат за „забавна двојка“.
СКОРПИЈА – Секси момче
Вие сте страствена, сексуална личност и ви треба некој подеднакво авантуристички настроен во сексот како што сте и вие.
СТРЕЛЕЦ – Флексибилно момче
Многу сакате да одите во нов град или земја и да престојувате во хостел за да сретнете нови луѓе и да видите нови работи. Ви треба момче кое може да биде спонтано, и кое мисли дека скајдајвинг скокањето е забавно, а не самоубиство.
ЈАРЕЦ – Момче музичар
Вие сте многу практични и си го имате зацртано животот. Ова е добро, но може да стане и досадно. Затоа ви треба некој што живее за својата уметност и ќе ви покаже нова перспектива на животот.
ВОДОЛИЈА – Емотивно момче
Вие сте многу паметнни и имате тенденција да не покажувате многу емоции. Затоа ви треба некој кој е многу емотивен, па заедно ќе бидете во рамнотежа.
РИБИ – Момче уметник
Вие имате уметничка душа и многу ја цените уметноста. Задоволни сте и ако останете во сенка и дозволите уметноста на вашето момче да го освои светот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!