Тулум или како што Маите го нарекувале Зама што во превод значи град на изгрејсонцето е мало археолошко гратче сместено на Мексичкото крајбрежје, свртено кон исток, кое излегува на Карибското море. Тулум е еден од последните градови кои го населиле Маите, во 13-тиот век и се задржале околу 70 години, се до почетокот на шпанската окупација врз Мексико кога масовно изумреле. Се смета дека причина за нивната смрт е заразна болест која им ја пренеле шпанските војници, на која тие не биле имуни. Денес, Тулум е хит туристичка дестинација. Градот е комбинација од широки песочни плажи каде може да се сончате, уживате и бањате, тиркизно море и високи кокосови палми од една страна и археолошка зона од друга страна.








Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!