Top

Зошто очите на животните светат во темнина?

Сигурно сте забележале дека очите на некои животни, посебно на мачките и кучињата,  светат во темнина или кога ги фотографирате. Една причина е одраз на светлината која паѓа врз нивните очи. Друга, интересна причина е tapetum lucidum. Тоа претставува слој кој се наоѓа зад мрежницата во окото и поради тоа, светлината која паѓа на очите се одразува на мрежницата. Во споредба со човечките суштества, тие и во темнина можат многу појасно да ги гледаат предметите. Можноста на животните да гледаат во темнина или кога постои слаба светлина, се должи токму на слојот tapetum lucidum. Бојата на светлината која се рефлектира врз очите на животните зависи од бројот на крвни садови во нивните очи. Ако е голем бројот на крвните садови, тогаш светлината која се рефлектира од очите на животните има црвена боја. Ако е помал бројот на крвни клетки, тогаш се рефлектира побела боја. Освен тоа, бојата на светлината на очите се разликува во зависност од светлината која паѓа на различни делови од мрежницата.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *