Top

Една и единствена – ТАНТЕЛА

Тантелата е повеќе од само раскошен и високо посакуван луксуз, прифатлив само од страна на привилегираните и богатите. Тоа беше производ кој ја вивна модната индустрија и одржуваше илјадници работници во живот. Чипката, воглавно е класифицирана од текстилните историчари како ”вистинска чипка” и други форми на чипка (како плетење, на пример). Разликата меѓу нив е во видот на конците со кој се изработува тантелата, а секој од нив се одликува со екстремна нежност.



Вистинската тантела, се претпоставува дека се појавила некаде околу крајот на 15-тиот и почетокот на 16-тиот век во Венеција. Еден факт кој многу изненадува е дека доколку ја проучувате ренесансата ќе забележите дека модата се менувала и се ширела многу брзо, особено желбата за тантелата. Во Венеција и Антверпен се објавени првите обрасци за везови и од тогаш овие книги се дистрибуираат низ светот со огромна брзина.
Веќе во 19-тиот век кога за прв пат се појавува машински изработената тантела, нејзината уникатност ја губи вредноста. Колку за информација, висококвалитената тантела бара и до 10 часа концентртирана работа за да се произведе еден квадратен инч, а за рачно да се изработи еден пар чипкани ракавици, веројатно на еден професионален изработувач би му биле потребни 10 месеци работа, по 15 часа на ден.

Автор: Willa

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *