Иако досега видовме многу реклами и маркетинг кампањи во кои беа користени ликови или тематики од “Војна на ѕвездите”, ова е секако една од најдобрите. Се работи за официјалното лансирање на видео играта The Old Republic, а самиот чин се одвиваше на Тајмс Сквер, пред очите на сите кои се најдоа таму, и може да се види дека е вложено многу труд во остварувањето на ваков маркетиншки потег.
Впрочем, стануваше збор за борба помеѓу доброто и злото, секако тука беа пристни светлосните мечеви, а освен главните актери учествуваа и други луѓе во ‘цивилка’, кои вешто изведоа сцени со борби во кои тие ‘замрзнуваат’ на моменти. Видеото прикажува се, а сигурни сме дека било вистинско доживување да се гледа во живо.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!