
Една третина од анкетираните е задоволна со квалитетот на сопствениот живот, додека пак, две третини имаат потреба за подобар живот. На листата на фактори кои придонесуваат за благосостојба и квалитетен живот, 89% од испитаниците ја посочиле домашната економија, додека 84% се изјасниле за посилни семејни корелации.
Околу 56% од анкетираните лица велат дека основа за добар живот е пронаоѓањето на сродни души, а 49% ја пронаоѓаат среќата во молитвите и медитацијата. Испитаниците многу често ги посочувале и начинот на исхраната, спиењето, како и физичките активности.
Резултатите и одговорите по однос на ова прашање значајно зависат од земјата т.е. крајот од кој доаѓаат испитаниците и истите во значајна мера се разликувале. Во анкетата се вклучени лица од Бразил, Саудиска Арабија, Русија, Шведска, Германија, Јужна Африка, Јапонија, Унгарија, Мексико и др.
Унгарците сметаат дека треба да се живее подобро, но дека тоа во денешно време е тешко изводливо. Сличен став имаат французите.
Жителите од Саудиска Арабија, како и од Индија и Шведска, се задовлони од квалитетот и начинот на живот.
Три четвртини од анкетираните велат дека животот треба да се планира со цел да биде подобар и поквалитетен, но повеќето не се согласуваат со оваа теорија.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!