Top
Dali-razlikuvate-39-boi-iLike-mk

Само 25% од луѓето ги разликуваат сите бои на оваа слика. Колку бои гледате Вие?

Се чини дека изминатиов период вистински хит на интернет и по социјалните мрежи се дискусиите за боите. Минатата недела главните расправии се однесуваа на фамозниот фустан, кој некои го гледаат како бел со златна тантела, а други пак, син со црно.

Од пред неколку часа вирален хит е оваа слика со палета од бои.

Диана Дервал, стручњак за невро-маркетинг, на словот профил на „ЛинкдИн“ постави една слика со палета од основните бои и по неколку нивни нијанси. А, на своите пријатели им даде задача да ѝ кажат колку бои гледаат, односно успеваат да разликуваат. Во продолжение објасни дека бројот на кои кои сте способни да го видите зависи од количината и распоредот на рецептори во очите.

Па, погледнете ја сликата и внимателно пребројте.

РЕЗУЛТАТИ:

ДОКОЛКУ ИЗБРОИВТЕ ДО 20 БОИ

Спаѓате во групата на дихромати. Околу 25% од популацијата во светот спаѓа во токму во оваа група. Дихроматите често пати носат црна, крем и сина облека. Така најлесно ќе ги распознаете од останатите.

ДОКОЛКУ ИЗБРОИВТЕ МЕЃУ 20 и 33 БОИ

Спаѓате во групата на трихромати, односно во луѓето кои имаат 3 вида на рецептори. Дури 50% од популацијата во светот спаѓа во оваа група.

ДОКОЛКУ ИЗБРОИВТЕ МЕЃУ 33 и 39 БОИ

Сликата брои 39 бои. Доколку избројавте толку, можете да се сметате за тетрахромат, односно спаѓате во 25% од светската популација со природна предиспозиција за разликување на многу повеќе бои и нијанси од просечниот човек.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>