За првпат „Pantone“ избра не една, туку две нијанси кои ќе ја одбележат наредната календарска година. Станува збор за дуо од бебешки нијанси на розова и сина боја, наречени „Розов кварц“ (Rose Quartz) и „Спокојство“ (Serenity).
„Розов кварц е моќна, а сепак нежна нијанса која пренесува сочувство и чувство на присебност. Додека пак, спокојство е бестежинска и воздушна, како распространетоста на синото небо над нас и нѝ носи чувство на олеснување и релаксација, дури и во турбулентни времиња.“ – се потенцира во извештајот на „Pantone“.
Леатрис Ајсмен, извршен директор во „Pantone“, изјави:
Ова е фузија на две нијанси. Има смиреност, но има и многу среќа во нив!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!