Рихтеровата скала претставува скала која се користи за мерење на интензитетот на земјотреси. Оваа скала е измислена од страна на американскиот научник Чарлс Рихтер. Рихтер работел во Калифорнискиот институт за технологија од 1927-ма година сè до своето пензионирање. Во 1935-та година, Рихтер и Бено Гутенберг ја развиле оваа скала која е именувана по Рихтер. Земјотрес со магнитуда на 3 е мал земјотрес. Земјотрес кој се наоѓа на 6 степени според Рихтеровата скала може да предизвика тешки оштетувања, а земјотрес од 9 степени може да предизвика уништување. Во последниве неколку години има многу модификации во степените на Рихтеровата скала и тие можат да регистрираат земјотреси кои се јавуваат во било кој дел на светот. Рихтер, исто така, напишал две книги за земјотреси со кои се информираат и денешните научници. Рихтер починал во текот на 1985-та година.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!