Top
devojka-vesnik-ilike-mk

Причини поради кои читаме хороскоп

Сведоци сме дека повеќето луѓе секојдневно читаат дневен хороскоп по весниците или интернет порталите. Па, дали некогаш сте се запрашале од какви побуди го прават тоа?

Научниците посочуваат 5 причини поради кои луѓето читаат хороскоп:

Љубопитност
Луѓето се интересираат за тоа што им предвидува хороскопот. Фактот што се работи за некој вид претскажување на иднината ги привлекува читателите како магнет и ја провоцира нивната фантазија. Иако многумина не веруваат во неговата точност, одвојуваат неколку минути дневно, од чиста љубопитност.

Достапност
Во дневните весници, во магазините, по веб порталите – хороскопот е насекаде. Неговата достапност го направи многу популарен, а луѓето читаат речиси сè што им се нуди.

Љубов
Најбараниот дел од хороскопот е оној кој се однесува на љубовните односи, особено кога луѓето се во потрага по нова љубов. Позитивните прогнози влијаат позитивно врз нивниот морал и самодоверба.

Мистицизам
Иако во повеќето случаи се покажало дека претскажувањето било неточно и дека не им се случило тоа што го прочитале, сепак поедниците бараат симболично значење во прочитаното.

Хумор
Постојат луѓе кои воопшто не веруваат во астрологијата и за нив читањето хороскоп е одлична разонода. Смеењето на прогнозите за иднината и поентирањето на промашените карактеристики е одличен начин за забава.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>