Генерално, секој од нас купува и подарува на некоја личност за одредена пригода или повод. Врз изборот на подарокот влијаат повеќе фактори. Магазинот “Glo” вели дека подарокот открива што за вас мисли личноста која ви подарува. Ова правило особено важи во љубовните врски.

– ПРАКТИЧЕН ПОДАРОК
Ако партнерот ви купил микробранова, правосмукалка или пак сервис за ручање тогаш тоа значи дека одлично ве познава и точно знае што ви треба. Мисли на вашите потреби и практичен е – ова значи дека ве сака.
– ПАТУВАЊЕ
Ова е фантастичен подарок. Тоа значи дека ве сака и сака да сподели убави моменти со вас, далеку од сите.
– СИТЕН ПОДАРОК
Доколку добиете некоја ситница на подарок како на пример рамка за слика, тогаш постојат две опции. Првата е дека вашиот партнер има многу чудна смисла за хумор, а другата опција е полоша – тој навистина нема поим што вие сакате и што ви треба.
– ДОЛНА ОБЛЕКА
Овде веќе нема никаква дилема. Пораката е јасна ко ден: сака да ве види во долна облека бидејќи го привлекувате, физички и сексуално.
– НАКИТ
Постојат повеќе причини зошто мажите се одлучуваат за накит како подарок. Можеби сте му предочиле дека сакате накит, а можеби и прочитал дека дијамантите се најдобриот пријател на жената. Да резимираме: накитот секогаш е одличен подарок.

– МИЛЕНИЧЕ
Ако ви подари малечко маченце или кутре, според магазинот “Glo“, тој сака сериозна врска со вас, а на повидок е и брак.
– ВАУЧЕР
Иако вредносен ваучер или пак платежна картичка со одредена сума на неа не е којзнае колку досетлив подарок, сепак ќе ве направи среќни.
Не треба да ве загрижува фактот што вашиот љубен не се потрудил околу избор на подарок, тој само одлуката ја препушта на вас.
– СКАПА ОБЛЕКА
Тој знае дека ви се допаѓаат некои добри фармерки или фенси фустанче, но немате финансии да си ги дозволите. Па, за ваш атер ги купува, иако не сфаќа што тие парчиња облека се подобри од некои поефтини.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
a crtez? 😛