Отровните жаби (анг. poison dart frogs), се специфичен вид кој живее во Средна и Јужна Америка. Тие се мали по раст, а воодушевуваат со своите прекрасни бои. Просечна големина е 1,5-6 cm, а тежат околу 2 грама. Ги има во безброј варијанти, како што може да видите, некои се во една боја, некои се со различни шари. Притоа боите се неверојатно живи и јаки. И да, како што се забележува од нивното име, тие се отровни. Има повеќе различни подвидови, и нивната боја зависи и од нивото на токсичноста на жабите. Докажано е дека оние кои се раѓаат и се одгледуваат во вештачка средина, не ги развиваат токсините, кои би ги произвеле кога би живееле во својот природен хабитат. Најотровната од нив, Златната отровна жаба, има во просек доволно токсини за да усмрти 10-20 луѓе.



















Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!