Иако жените можат да се гордеат со многу работи и карактеристики со кои се подобри од посилниот пол, сепак постојат неколку мали нешта во кои токму мажите се поуспешни и го надминуваат понежниот пол.

Килограми
Мажите многу полесно и побрзо слабеат. Доколку Вие и Вашиот партнер во исто време одлучите да практикувате режим на здрава исхрана, тој многу побрзо ќе ги изгуби непотребните килограми. Основата на ова лежи во количината на тестостерон поради која тие имаат повеќе мускули и помалку масти.
Сексуална синхронизација
Женското тело и ум никако да се синхронизираат кога е сексот во прашање. Додека пак, мажите успеваат да реализираат синхронизација и токму поради тоа подобро се фокусираат на една работа и полесно се возбудуваат. Најчесто, понежниот пол со телото е во кревет, но со мислите во домашните обврски, па поради тоа изостанува сексуалната возбуда.
Пороци
Жените во поголема мера емотивно се врзуваат за различните облици на зависност, па поради тоа многу е потешко да се одречат од пороците. Исто така, истражувањата покажуваат дека женскиот организам многу потешко реагира на средствата против пушење, жените се поголеми никотински зависници од мажите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!