Голем дел од жените практикуваат да не ја отстранат шминката пред вежбање.
Според експертите, секоја шминка на лицето за време на вежбањето е штетна за кожата, освен карминот и минералната шминка. Носењето шминка во фитнес сала не ни служи баш за ништо, освен да изгледате поубави. Ексертите советуваат воопшто да не се става шминка на лицето додека вежбате, дури ни течна пудра, објаснувајќи дека шминката се врзува со процесот на поттењето на телото.
Најлошото е во тоа што ги затвора порите на лицето кои вежбањето има цел да ги отвори. „Носењето шминка за време на вежбањето создава совршено опкружување за бактериите да напредуваат, но и лежиште на секакви инфекции на кожата“. Не само за време на тренингот туку и неколку часа после вежбање шминката е штетна за лицето и треба да се избегнува. Во спротивно, создавате база за појава на акни.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!