Веројатно сте забележале дека постојат парови кои каде и да се појават го свртуваат целото внимание од околуната.
Според Зодијакот, токму овие се тие комбинации на знаци:
БИК и РАК
Ова е една од двојките на кои сите им завидуваат. И двајцата се посветеани, грижливи и нежни, па во оваа врска ретко доаѓа до конфликтни ситуации. Луѓето во овие двојки имаат очи само еден за друг и неверството не доаѓа предвид – тоа за нив е најголем чин на предавство. Без разлика колку време се заедно, тие се заљубени како првиот ден и често се однесуваат како затрескани тинејџери во јавност.
ЛАВ и ЛАВ
На кралевите на Зодијакот никој не им одговара толку многу колку родените во истиот знак. Лавовите се самоуверени и силни и најдобро се сложуваат со луѓе кои се слични на нив и ги разбираат нивните потреби и каприци. Во природата им е да ги охрабруваат другите луѓе, па затоа си се најголема поддршка еден на друг во нивните подвизи. Свесни се колку се среќни што се нашле еден со друг и се трудат да го зауздаат својот честопати бурен карактер за да ја одржат оваа ретка врска. Исто така, уживаат во внимание, па со гордост парадираат со уште еден успех во своите животи и сакаат да ги покажуваат партнерите во јавност.
ВОДОЛИЈА и БЛИЗНАЦИ
Овој пар има силна психолошка врска што со тек на време станува сѐ подлабока, а другите луѓе најчесто не ги разбираат и ги гледаат како феномен. Нивниот начин на комуникација е речиси телепатски и луѓето често им љубоморат на тоа колку добро се разбираат и никогаш не се расправаат во јавност. Иако за припадниците на секој од овие знаци карактеристично е дека ја сакаат својата индивидуалност, во оваа комбинација тоа воопшто не пречи бидејќи ја почитуваат потребата за сопствен простор и време еден кај друг.
РИБИ и СКОРПИЈА
Двата се водени знаци кои во животот се водат по нивните емоции, а тоа ги прави многу компатибилни. Оваа двојка има силна психолошка, но и интелектуална поврзаност и двајцата уживаат во долги разговори. Исто така, и двата знаци се особено страстни во кревет, па и тој дел од врската е експлозивен и неповторлив во друга комбинација. Оваа двојка ќе ја препознаете по тоа што никогаш не се пуштаат од рака и секогаш наоѓаат начин некако да се допрат и кога сите гледаат во нив.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!