Top
opasni

Најопасните хороскопски знаци

Хороскопскиот знак многу зборува за карактерот на луѓето, изгледот, доблестите и мааните. Во целиот Зодијак, постојат 3 знаци за кои велат дека се најопасни.

Девица
Девиците од стресот се ослободуваат на тој начин што го чистат станот или ја средуваат облеката. Презафатени се со своите обврски и никогаш ништо не им е доволно. Не познаваат љубов и не се способни да чувствуваат и сѐ во нивниот љубовен живот се врти околу секс. Единствено роботот би можел да биде поприсебен и постуден од Девиците. Порано или подоцна тие ќе ви забијат нож во грбот и тоа ќе биде промислено, анализирано и потврдено како најдобрата опција за нив. Глумат многу добро и со месеци нема да забележите дека дошло време да ве елиминираат. Во оној момент кога ќе бидат сигурни во својот план, тие ќе ги откријат своите намери. Девиците се нарциси кои се грижат само за својот изглед и тежнеењето кон совршенство. Кај нив нема страст, прегратки, нежности, топлина.

Скорпија
Скорпиите се самосожалуваат и се однесуваат деструктивно кон себе. Не можат сами да го поднесат својот јад и мора да повлечат уште 100-тина луѓе со себе. Ако знаат дека утре е крајот на светот, тие нема да се шокираат, туку веројатно ќе го пречекаат во оргија. Смртта за нив не е нешто страшно и трагично и најчесто се возбудуваат на сите оние нешта кои обичните смртници ги сметаат за морничави. Скорпиите се доживуваат себеси како љубоморно посесивни психопати. Ако немаат секс, тие и психички би се разболеле. Емотивно се незрели, недораснати, подли и злобни деца кои сакаат да се одмаздуваат и не се воздржуваат од ништо. Се муртат и лутат, бесни се, плачат и гризат и имаат тенденција да мразат со целата своја душа. Без оглед на нивните години, зрелост или пол, кога длабоко ќе погледнете под нивната површина која делува интелигентно, опасно или итро, ќе наидете на емотивно незрела и исплашена личност. Тие се огромни злопамтила и кога ќе ви се одмаздат, вие нема да ја помните ни причината за нивната лутина.

Јарец
Јарците веруваат во судбина, а зборот „извини“ воопшто не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел свој живот, да бидете во брак, но сепак никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Најчесто не знаат да ги искажуваат своите емоции преку зборови, па наместо „те сакам“ ќе наидете на одбивање. Тие би се продале за социјален статус, кукавици се и бегаат во истиот момент кога ризикот ќе се зголеми. Емотивно се неписмени и не само што се неспособни да ги покажат своите емоции, туку и не знаат како да ги примат или пружат. Многу се бавни, мрачни и сиромашни за да можете покрај нив да почувствувате вистинска радост и задоволство од животот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>