Момците родени во овие три хороскопски знаци се издвојуваат од другите мажи бидејќи се вистински шармери и ретко која жена би можела да им одолее. За нив заведување е лесно како „од шала“.
Бик
Жените ретко можат да одолеат на неговите заводнички способности. Мажот родени во знакот Бик, најчесто не е свесен за својата сензуалност, а спаѓа во групата на врвни заводници. Неговиот адут е спонтаноста, а во креветот ги познава сите умешности на Кама сутра, иако никогаш не ја прочитал. Овој знак умее да направи вистински огномет од емоции и внимание. Тој ќе ве направи да се чувствувате многу посебно. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуват дури и оние околу кои не се трудат.
Близнаци
Пред неговата насмевка паѓаат сите и секогаш ќе се труди луѓето околу него да се чувствуваат убаво. Ним, навистина ретко кој може да им одолее. Тие уживаат во играта на заведување, сакаат добра комуникација и секогаш имаат некоја интересна приказна со која го освојуваат спротивниот пол.
Скорпија
Мажот роден во знакот Скопрпија тешко е да не го забележите. Неговиот заводнички поглед и манири со кои како да ве повикува на блуд и разврат, и едноставно не може да ве остави рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и неговата интуиција е изразена до таа мера што во секој момент знае кои се вашите потреби, а со оглед на тоа дека во емотивна смисла е многу посветен ќе ужива да ве задоволи до максимални граници. Неговата умешност во водењето љубов останува запамтена.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!