Top
Лак за нокти

За што сè служи лакот за нокти

Освен за ноктите, лакот за нокти може многу да се најде во домаќинството и секојдневието, воопшто. Еве неколку алтернативни примени на лакот за бојадисување нокти:

  • Зацврстување на штрафови
    Навоите на разлабавениот штраф премачајте ги со безбоен лак за нокти, па потоа заштрафете. Не само што заштрафувањето ќе биде посилно, туку и ќе го заштитите самиот штраф од рѓосување.
  • Заштита на накитот
    Накитот од бижутерија многу брзо потемнува, но има решение и за тоа. Премачкајте го накитот со безбоен лак за нокти и оневозможете го потемнувањето.
  • Залепете плико
    Не сте сигурни дали лепливиот слој на писмото е добар? Едноставно залепете го пликото со лак за нокти.
  • Не ги фрлајте старите закачалки
    Ако пластичните или дрвени закачалки ви ја кинат облеката, критичното место премачкајте го со лак за нокти. Со тоа ќе ја измазните површината и ќе избегнете кинење на осетливите парчиња облека.
  • Спасете ги хулахопките
    Доколу хулахопките почнат да ви се кинат, веднаш на местото ставете малку лак за нокти.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>