Се храните здраво и балансирано, а сепак имате вишок килограми? Тоа значи дека во текот на денот јадете повеќе отколку што реално трошите. Ви откриваме формула според која ќе одредите колкава количина храна треба да внесете во текот на еден ден, а притоа, да не се здебелите.
ДЛАНКА
Дланката е одлична мерка за количината т.е. за обемот на вашиот оброк. Изедете парче месо чија големина е идентична со големината на вашата дланка, без прстите. Истото важи за оризот и за компирот. Топла препорака е да ја отстраните кожата од месото поради големата масност.
ЧИНИИ И ЧАШИ
Практикувајте да јадете од мали чинии, на пример оние кои се наменети за мусли. Доколку консумирате свеж зеленчук дозволете си двојно поголема чинија, а пак, мала користете за варен зеленчук.
КОМПЈУТЕРСКО ГЛУВЧЕ
Се прашувате колкава количина на овошје треба да внесете во организмот при едно косумирање? Мерка нека ви биде токму големината на глувчето од вашиот персонален компјутер, било да станува збор за јаболко, лубеница, кајсии или пак јагоди.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!